акцелератор | м.

Забрзувач, уред за забрзување на наелектризираните честички до саканата брзина.

акцелерација | ж.

Забрзување.

акцент | м.

(лингв.) Гласовно истакнување на определен слог или збор. Акцентот е на третиот слог од крајот на зборот;

акцентен | прид.

акцентира | св. и несв.

Нагласи, нагласува, изговори, изговара со поголема сила на глас одделен слог од зборот. Тој по грешка го акцентираше вториот слог од крајот на зборот.

акцентуација | ж.

Акцентирање, нагласување. Неговото зборување е впечатливо затоа што има необична акцентуација.

акцепт | м.

Потпис на правен документ како обврска за исплаќање.

акцептација | ж.

Прифаќање, согласност.

акцептира | св. и несв.

Прифати, прифаќа, прими, прима, усвои, усвојува. Авторот постојано ги акцептира промените во духовниот живот на времето.

акциза | ж.

Дополнителен интервентен данок, главно на луксузна стока. Владата ги намали акцизите за автомобилите.