акција | ж.

Работа, дејност, дејство. Работна акција. Политичка акција.

акцијаш | м.

Учесник во работна акција. Акцијашите ја изградија пругата.

акционер | м.

Сопственик на акции.

акчија | м.

Готвач или сопственик на акчилница. Да земе парче сирење и неколку кебапи од акчијата.

акчилница | ж.

Гостилница.

акшам | м.

Прв вечерен мрак, самрак.

ал | м.

Беда, неволја, несреќа. Не си го гледаш алот и таксиратот! Од староста ал поголем нема.

ал | прид.

Отвореноцрвен, алов. Ал трендафил. Ал пипер.

ала | несв.

Бара без план и без определена насока на движење; џбара. Синот алаше низ куќата и го наала клучот.