ала | ж.
Аждер. Жртви се на тие алчни али. Се зададе бесна ала.
алабак | м.
Будала, глупак. Оти бре, алабаку, не си ми кажал?
алабастер | м.
Градежен материјал, ситно зрнест гипс со бела боја.
алајка | ж.
Слугинка. Ќе живее како пашица во убави сараи, со алајки по неа.
алал | м.
Благослов, желба некому нешто да му биде од корист, убаво. Да му е алал кој го измисли овој ден. Алал ти вера, дедо.
аландарка | ж.
Жена скитничка, алапачка, што шета по куќи. Шетала како аландарка нагоре-надолу.
Аландски Острови | и.
Фински острови во Балтичкото Море.
алапача | ж.
алапачка | ж.
Жена што зборува брзо и многу, што прекажува, што озборува; брбливка. Што се дружиш со вакви алапачки?
аларм | м.
Тревога. Силното пиштење на сирената даде знак за аларм.