албанизира | св. и несв.
Направи, прави нешто да добие албанско обележје, да стане албанско.
Албанија | ж.
Држава на Балканскиот Полуостров.
албанолог | м.
Лице што се занимава со проучување на албанскиот јазик, литература, култура и сл. Собир на албанолозите.
албанологија | ж.
Наука што се занимава со проучување на албанскиот јазик, литература, култура и сл.
албатрос | м.
Морска птица што лета на многу големи растојанија над површината на морето; Diomedea exulans. Албатросот прави несмасни движења кога оди, но е елегантен кога лета.
албинизам | зам.
Вроден недостиг на пигменти во кожата кај луѓето и животните, поради што кожата и влакната изгледаат бели, а очите црвени. Вроден недостиг на меланин е албини
албум | м.
Книга за чување фотографии, цртежи, исечоци, поштенски марки и сл. Ќе ви го донесам албумот, па одберете фотографија.
албумин | м.
Белковина што е составен дел на животинските и растителните организми. Албумините се растворливи во вода.
алва | ж.
Сладок десерт од брашно, гриз, шеќер и масло. Бела алва. Домашна алва. Таан алва.
алваџија | м.
Лице што произведува или што продава алва.