алкохол | м.

Безбојна, испарлива и запаллива течност добиена со дестилација на шеќери. Алкохолот се користи како составен дел од некои лекови.

алкохолен | прид.

Што содржи алкохол, како главно својство со кое се определува. Алкохолен пијалак.

алкохолизам | зам.

Претерано консумирање алкохол, проследено со постојано труење на организмот. Во државата има голем процент на алкохоли

алкохолизира | св. и несв.

Стави, става алкохол во течност, направи, прави да има алкохол во определена течност.

алкохоличар | м.

Зависник од алкохол, тој што претерано пие алкохол, пијаница.

Алма Ата | ж.

Поголем град во Казахстан.

алманах | м.

Годишник. Во градот циркулираше некој примерок под наслов „Алманах 1932".

ало! | изв.

За довикување и одзивање, особено во телефонски разговор. Ало, ало, дајте ми врска! – Ало, ало ... – гледа во слушалката, се чуди, моли.