алов | прид.
Отвореноцрвен. Алово цвеќе. Алово знаме.
аловина | ж.
Црвенило. Гасне вечерната аловина, гасне во аловината на крвта.
алогичен | прид.
Што нема во себе логика, на кој му недостасува здраво расудување. Овој склоп не е ниту алогичен, ниту бесмислен, напротив.
Алпи | и.
Планински масив во Европа.
алпинец | м.
Спортист во алпска дисцплина, скијање и сл.
алпинизам | м.
Вид спорт – искачување на многу високи и тешко достапни планински места и врвови. Го претпочиташе алпинизмот затоа што ги сакаше планините.
алпинист | м.
Лице што се занимава со алпинизам, планинар. Овој алпинист се качи на највисокиот врв.
алпинистика | зам.
алпски | прид.
Што се однесува на Алпите, што расте или живее на Алпите. Алпски врвови. Алпски снегови. Алпско млеко. Алпски дисциплини.
алт | м.
(само едн.) Длабок женски глас. Жена му запеа со треперливиот алт.