алтан | м.
Златна пара, златник, дукат. Невестинска низа алтани. Алтаните тешко се печалат.
алтанлија | прид.
Што е од злато. Прстен алтанлија. Срмен колан алтанлија.
алтернатива | ж.
Избор меѓу две или повеќе можности. Тие сега имаат алтернатива да заминат од овие пропаднати фирми. Тоа е мојата алтернатива.
алтернативен | прид.
Што може да се јави како дополнителен избор. Алтернативно решение. Алтернативна медицина.
алтернација | ж.
Промена, замена на едно со друго.
алтипатлак | м.
Револвер со шест куршуми. Кај туфекчиите беше највесело: пукотници од пушки и од алтипатлаци.
алтица | ж.
Парче текстил со кое се закрпува скината облека. Конец со конец и алтица на алтица крпено. Тој шие алтици на скинатите ѕиври.
алтруизам | м.
Несебичен, човекољубив однос кон другите, љубов и пожртвување, ставање на туѓиот интерес пред личниот.
алтруист | м.
Лице што е во мислењето и во работата управувано од љубовта кон ближните; човекољубец. Се запознавме со лик на алтруист што ќе замине од светов надвивајќи ги сите понижувања.
алудира | св. и несв.
Зборувајќи на индиректен начин потсети, потсетува, укаже, укажува на нешто или на некого. Во својот осврт критичарот алудира на некои најнови појави