алузија | ж.
Посредно укажување на нешто што не се споменува преку тоа што се искажува. Неговите убави зборови, кажани иронично, претставуваа некаква маглива алузија за големата болка што му ја создаде таа.
алуминиум | м.
Елемент од групата лесни метали со сребренобела боја, симбол Al. Тој од ситни парчиња месинг и алуминиум, изработуваше мали гривни за рацете и за нозете.
алфа | ж.
Првата буква од грчката азбука.
алфабет | м.
Името на грчката азбука.
Ал Фашир | м.
Главен град на Дарфур.
алхемија | ж.
Средновековна хемија која се занимавала со барање „камен на мудроста“ и „еликсир на животот“.
алхемичар | м.
Лице што се занимава со алхемија. Ми заличи на средновековен алхемичар, неспокоен, со вжарени очи.
алчак | м.
Крадец, мангуп, неранимајко. Види го каков алчак е, а каков убав глас има.
алче 1 | ср.
Вдлабнат дел на чашката на коленото.
алче 2 | ср.