амалгам | м.

(хем.) Легура од жива со други метали. На овој начин се создава амалгам на живата со калиумот.

амалгамира | св. и несв.

Направи, прави амалгам, спои, спојува цврсто и неразделно. Постапното загревање ги амалгамира живата и натриумот.

амалува | несв.

Работи како амал, е амал. Тој амалува по цел ден.

амам | м.

Турска бања со парење. Вечер да одиш на амам, да се истриеш.

амамџија | м.

Сопственик на амам.

аман | изв.

немен. Милост, спас. Аман не му дава.

Аман | м.

Главен град на Јордан.

амандман | м.

Додаток на усвоен устав, закон, резолуција и сл. со кој се врши дополнување или измена.

аманет | м.

Доверување на чување или извршување на нешто, потпирајќи се на чест, доверба, препорака; завет.

амарилис | м.

Украсно растение со крупни цветови свртени еден спроти друг, народен назив – јатрви; Amaryllis.