аматер | м.
Лице што се занимава со нешто (со уметност, наука, спорт и др.) од љубов, попатно, а не професионално. Во современиот фонд на уметноста спаѓаат и тие нови творби на аматерите и професионалците.
аматеризам | м.
Работа, дејност на аматери.
амбалажа | ж.
Материјал што служи за пакување. Пивска амбалажа. Картонска амбалажа.
амбалажен | прид.
Што служи за амбалажа.
амбар | м.
Дрвена зграда за зрнеста храна; магацин. Мажите истоварија јачмен и 'рж по амбарите.
амбасада | ж.
Дипломатско претставништво од прв степен. Песните во оригинал на шпански ги читаше претставник на чилеанската амбасада.
амбасадор | м.
Дипломатски претставник од прв степен. Слушам јас за дипломатијата, само не знам за која земја го токмите амбасадор.
амбер | м.
Мирислива смола со која се кадат собите на Исток.
амберија | прид.
Што мириса на амбер.
амбивалентен | прид.
Што има двојна вредност. Амбивалентен живот.