амбуланта | ж.
Здравствена установа за прием на болни и за укажување лекарска помош без задржување. Забна амбуланта. Ветеринарна амбуланта. Дежурна амбуланта.
амбулантен | прид.
Што се однесува на амбулантна кола.
амвон | м.
Издигнато место во црквата за проповед. Тие од амвоните великодушно им делеа благослови на уплашените дојденци во црквата.
амеба | ж.
Најпрост едноклеточен жив организам; Amoeba.
Америка | ж.
американ | м.
Вид ткаенина, грубо небелено платно. Здолништето беше направено од американ.
американизација | ж.
Процес преку кој се прави нешто да стане американско, со американско обележје.
американизира | св. и несв.
Направи, прави нешто да добие американско обележје, да стане американско. Мисионерите американизираа дел од населението.
аметист | м.
Полускапоцен камен, проѕирен кристален кварц со виолетова боја. Прстите до зглобовите ѝ беа покриени со опали, аметисти и смарагди.
ами | сврз.
а) За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени. Тој не јадеше, ами голташе ненаситно. Тоа не биле девојки, ами недораснати моми. б) не само... ами и. Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Таа треба да мисли не само за себе ами и за она девојче што е со неа.