ами | чест.

За изразување неверување во искажаното во наредниот исказ. Ами, како да не и тоа ќе се случело.

амин | изв.

Означување крај на молитва, со значење: вистина е, така е. На секое амин луѓето се крстеа. Сега и во сите времиња, амин.

аминува | несв.

Без размислување почитува нечија волја, прифаќа нешто без да размисли. Насобраните селани само аминуваа, а длабоко во срцето чувствуваа омраза.

аминџија | м.

Поддржувач на некого или на нечија идеја или став без размислување. Во селото имаше неколку аминџии на чорбаџијата.

амка | несв.

Се обидува да касне малку од нешто, поврзано со обичај за Прочка. Во собата децата го амкаа јајцето.

амнезија | ж.

Губење на способноста за паметење. По несреќата човекот имаше амнезија.

амнестија | ж.

Акт на законодавно тело со кој на осудениот делумно или целосно му се укинува правосилно изречената казна; помилување. Сите затвореници добија амнестија. Претседателот донесе указ за амнестија.

амнестира | св. и несв.

Даде, дава амнестија. Владата ги амнестира сите политички затвореници.

амонијак | м.

Безбојно гасно соединение на азот и водород; воден раствор на гасот. Сегашната светска продукција на азотни минерални ѓубриња првенствено се базира на синтетички амонијак.

аморален | прид.

Што е без чувство за морал; неморален. Обвинението, а и некои сведоци, го товарат како асоцијален, неодговорен, аморален и бескарактерен човек.