амортизација | ж.

Ублажување на физичко дејство. Хидрауличната амортизација овозможува долготрајно користење на овие машини.

амортизер | м.

Направа, дел од возилото, од машина што служи за ублажување на ударите при движење. Новите амортизери се безбедно средство за заштита на машината.

амортизира | св. и несв.

Ублажи, ублажува потрес при физичко дејство, овозможи, овозможува помала силина на физичкото дејство. Хидрауличната преса го амортизира притисокот врз предметот.

аморфен | прид.

(мин.) Што нема кристална структура.

ампер | м.

Единица за мерење на јачината на електричната струја.

амперметар | м.

Инструмент за мерење на јачината на електричната струја.

амплитуда | ж.

(физ.) Најголема оддалеченост од положбата на рамнотежа при нишање, најголема вредност што ја достигнува некоја величина што е подложена на периодични промени. Зголемување на амплитудата на движењата.

амплитуден | прид.

Што се однесува на амплитуда.

ампула | ж.

(фарм.) Херметички затворено стаклено шишенце со лек, раствор, серум и сл. за инјекција.

ампутација | ж.

(мед.) Хируршко отстранување на дел од телото. Во хируршкиот центар докторите му извршија ампутација на едната нога.