ампутира | св. и несв.

Изврши, извршува ампутација.

Амстердам | м.

Главен град на Холандија.

Амур | м.

Река во Азија.

амут | м.

Дел од коњска запрежна опрема кој се става на вратот на коњот. Беше слабичко животно, грбот му беше полн рани од амутите.

амфибија | ж.

(биол.) а) Водоземец, животно кое живее и на копно и во вода (жаба, дождовник). Амфибијата навлегуваше во таинствениот успиен и студен океан. б) Билка која расте и на земја и во вода (трска, дива перуника).

амфитеатар | м.

Театар или циркус кај старите Грци и Римјани со кружни или полукружни скалесто поставени седишта. Тоа е огромен простор со ѕидови, влажни камења, столбови и еден амфитеатар – тука понекогаш се прикажуваа антички драми.

амфитеатрален | прид.

Што има облик на амфитеатар.

амфора | ж.

Земјен сад со тесно грло и дно, со две рачки. Стара амфора. Потоната амфора. Разбиена амфора.

ан | м.

Гостилница со преноќиште, селска и друмска меана. Спиеја во анот, покрај патот.

анабаптизам | м.

Христијанска секта што бара повторно крштевање на зрела возраст, кога човекот ќе стане свесен за тој чин.