анабаптист | м.

Припадник на анабаптистичка секта.

анаграм | м.

Загатка што се добива со обратно читање или со преместување на буквите и слоговите.

Анадолија | ж.

Област во Централна Турција.

аналгетик | м.

Средство за смирување на болка.

анали | и.

Летопис, годишник, опис на историски настани по години. Во воените анали не е познато партнерите пред борбата да си ја откриваат тактиката.

анализа | ж.

Откривање факти и изведување заклучоци преку расчленување на целината на нејзините составни елементи. Нашите досегашни анализи не ги дадоа посакуваните резултати. Длабинската анализа на драмскиот текст може да се прикаже со помош на овој метод. Тие извршија јазична анализа на неговите записи.

анализатор | м.

Направа, апарат со кој се врши анализа. Анализаторот ги прикажува во проценти сите делови од оваа супстанција.

анализира | св. и несв.

Изврши, врши анализа, испита, испитува, проучи, проучува нешто преку анализа. Институтот ја анализираше водата во селските бунари.

аналитика | ж.

Вештина и метода на расчленување на поимите, судовите и на заклучоците. Само со соодветна аналитика може да се прикаже степенот на загрозеноста на населението во ова подрачје.

аналитичар | м.

Тој што се занимава со анализа, што истражува применувајќи аналитичка постапка.