аналитичен | прид.
Што има својство на детално расчленување, што е добиен со расчленување. Аналитичен пристап. Аналитичен начин.
аналоген | прид.
Што е по извесна особина сличен, што одговара на нешто друго. Тие споеви давале образец и за други, понови, аналогни поврзувања.
аналогизам | м.
Заклучок или доказ врз основа на сличност.
аналогија | ж.
Сличност по некое својство, обележје или во некој однос меѓу предмети, појави, поими.
аналфабет | м.
Тој што не знае да чита и да пишува; неписмен.
аналфабетизам | м.
Неписменост.
анама | ж.
Жена, сопруга, госпоѓа, дама. Единствениот пат да ја има девојката како вистинска анама, беше нејзиното потурчување.
анамка | ж.
анамнеза | ж.
Историја на болеста; податоци за поранешната здравствена состојба на болниот.
ананас | м.
Суптропско растение и плод; Ananas sativus.