анархизам | м.
Социјална теорија што ја отфрла потребата од власт и пропагира целосна слобода на личноста. Се истакна со остри говори против анархизмот на младите.
анархија | ж.
Безвластие, отсуство на утврден поредок, хаос, неред. Феудална анархија. Ваквиот хаос води кон анархија.
анархист | м.
Приврзаник на анархизмот.
анархистичен | прид.
Што има обележје на анархи Анархистичен став. Анархистички бунт.
анархичен | прид.
Што има особини на анархија.
анархо- | претс.
Како прв дел од сложенки со значење анархичен (анархокомунист, анархокомунизам, анархолиберализам, анархолибералист, анархосиндикализам, анархосиндикалист и др.).
анасон | м.
Едногодишна лековита билка со многу пријатен мирис; се употребува во народната медицина или како зачин; Pimpinella anisum.
анасонка | ж.
Ракија зачинета со анасон. Фрлив едно стодрамче анасонка. Нарачаа по една анасонка.
анасонов | прид.
Што е од анасон, што се однесува на анасон. Анасонова ракија.
анатема | ж.
Проклетство со кое се исклучува некој од црквата. Папата изрече анатема кон овие безверници и кон нивното дело.