анатемиса | св.
анатемник | м.
Проклетник, оној што носи лошо, немир и зло. Од таквите анатемници селото ни се запусте.
анатемоса | св.
Црквата или нејзин претставник проколне, проколнува некого или нешто. Црквата го анатемоса нивното семејство.
анатомија | ж.
Наука што ги проучува составот и градбата на живите суштества. Анатомија на човекот. Анатомија на окото. Анатомија на билките.
анафора | ж.
Повторување на исти зборови во почетокот на два или повеќе стиха едноподруго. Јас си идам .../ Јас си сретив ...
анахрон | прид.
Застарен, несовремен. Анахрона методологија. Анахронична фигура
анахронизам | м.
Тоа што е застарено, несовремено. Стереотипните домашни задачи претставуваат анахронизам.
анационален | прид.
Што нема национално чувство.
ангажира | св. и несв.
Задолжи, задолжува некого за вршење на некаква дејност. Наставникот ги ангажира учениците во повеќе слободни активности.
ангажман | м.
Работна обврска, задолжение.