ангарија | ж.
Присилна работа, кулук. Народот мора да плаќа по десет именувани и безимени даноци, облози и ангарија.
ангел | м.
Замислено небесно крилато суштество во човечки облик. Ќе гледаме ангели во фреските. Шестокрилен ангел од највисок ред.
ангелосан | прид.
Многу уплашен, блед, исплашен. Беше ангелосан, необично, тивко, среќно се смешкаше.
ангелски | прид.
Што се однесува на ангел. Ангелски крилја.
ангина | ж.
Воспаление на грлото, особено на крајниците. Нема висока температура, некоја настинка е, треска, некоја ангина.
Ангкор | м.
Област во Камбоџа, Азија, во која се наоѓало древното Кмерско Кралство.
Англија | ж.
Земја во Велика Британија.
англист | м.
Лице што се занимава со англистика.
англистика | ж.
Наука за англискиот јазик и литературата.
Англосаксонец | м.
Припадник на народи и држави со англиски говорен јазик.