англофил | м.

Лице што е пријателски настроено кон Англија.

англофилство | ср.

Пријателско настроение кон Англија.

англофоб | м.

Лице што не ја поднесува Англија.

Ангола | ж.

Држава во Африка.

ангора | ж.

Вид мачка, коза или зајак со долго свилесто влакно.

ангорка | ж.

Вид мачка со долги свилести влакна; ангора Напудрени ангорки мижуркаат со стаклени очи.

ангро | прил.

На големо, во големи количини. Трговец на ангро.

Андалузија | ж.

Област во Шпанија.

Анди | и.

Планински масив во Јужна Америка.

Андора | ж.

Мала држава во Европа.