Андора ла Вела | ж.
Главен град на Андора.
анегдота | ж.
Кратка забавна сторија (обично) за познати личности. Анегдотите за неговите боемски подвизи ја рашириле славата на неговото име.
анегдотичен | прид.
Што има обележје на анегдота, што е како анегдота. Една анегдотична епизода од животот на нашите луѓе.
анекс | м.
Дополнителен прилог кон некој правен документ. Имаме еден анекс кон договорот. Се појави само основниот текст, а не и анексот.
анексија | ж.
Едностран, насилствен акт на присоединување туѓа територија кон некоја држава.
анектира | св. и несв.
Изврши, врши анексија.
анемија | ж.
(мед.) Малокрвност, слабокрвност.
анемичен | прид.
Што боледува од анемија. Анемичен човек. Анемично дете.
анемона | ж.
(бот.) Украсна билка, висока до 1 м. со крупни бели, розови и црвени цветови; Anemone hepatica.
анестезија | ж.
Намалување или губење на чувството за болка.