анестезиологија | ж.

Дел од медицината, наука за анестезијата.

анестезира | св. и несв.

Даде, дава некому анестезија.

анестетик | м.

Средство, лекарство што предизвикува привремено губење на чувството за физичка болка на телото или на некој негов дел. Во болницата му дале некој силен анестетик и тој не чувствувал ништо. Овие лекови се анестетици и кога се пијат, треба да се мирува.

анестетика | ж.

Дел од медицината, наука за анестезијата.

анестетичар | м.

Лекар-специјалист кој ја извршува анестезијата. При неговата операција учествуваа најдобрите анестетичари во државава.

анилин | м.

Безбојна отровна течност што се употребува за производство на бои и на разни органски соединенија.

анимален | прид.

Што потекнува од животно. Отпадни анимални материјали.

анималист | м.

Уметник што црта или ваја животни.

аниматор | м.

Цртач, уметник што изработува цртани филмови. Беше врвниот аниматор во минатиот век.