антипатија | ж.
Чувство на одвратност, одбивност спрема некого; Чувствуваше голема антипатија спрема новодојденецот.
антипатичен | прид.
Што предизвикува антипатија, несимпатичен. Тој беше богат, антипатичен сноб од некое високо општество.
антипод | м.
Лице, предмет или појава спротивно на друго лице, предмет или појава по квалитет, положба и сл. Другарувал за истата цел не само со ангелите, туку и со нивниот антипод ‒ ѓаволот.
антиподен | прид.
Што се однесува, што има својство на антипод.
антисемит | м.
Приврзаник на антисемитизмот.
антисемитизам | м.
Непријателство, нетрпеливост спрема еврејскиот народ врз расна и национална основа.
антиталент | м.
Човек без дарба, ненадарен. Перо беше антиталент за музика.
антитеза | ж.
Спротивност, контраст. Појавите беа антитеза една на друга.
антитело | ср.
Противотров што се создава во организмот за одбрана од болест.
антифашизам | м.
Политичко движење против фашистичката идеологија.