антифашист | м.

Тој што се бори против фашизмот.

антихрист | м.

Безбожник, атеист, еретик. Не сакам јас на такви антихристи молитви да им читам.

Антихрист | м.

Според христијанската религија, противник на Христос кој ќе се појави на Земјата пред Судниот ден.

антиципација | ж.

Земање нешто однапред, аванс.

антиципира | св. и несв.

Направи, правиили земе, зема нешто предвреме, пред истекот на некој рок, однапред.

антологија | ж.

Збирка на одбрани дела од различни автори. Антологија на современата македонска поезија.

антоним | м.

Збор со спротивно значење: лошо ‒ добро, лично ‒ грдо.

антонимен | прид.

Што се однесува на антоним. Антонимен однос.

антонимија | ж.

Својство на спротивно значење кај некои зборови.

антракс | м.

Црн пришт, заразна болест кај животните и кај луѓето.