апелира | св. и несв.
Упати, упатува повик; се обрати, се обраќа кон некого за помош, за соработка или за поткрепа. Мисирков апелира кон македонската интелигенција да се откине од силите што ја разединуваат. Министерството за здравство апелира да не се користи водата за пиење.
Апенини | и.
Планински масив во Европа.
Апенински Планини | и.
Апенински Полуостров | м.
Полуостров во Европа.
аперитив | м.
Алкохолен пијалак што се пие пред јадење за зголемување на апетитот. Пред вечерата нè послужија со аперитив.
апетит | м.
(само едн.) Желба за јадење. Има апетит. Нема апетит. Го изгубил апетитот.
Апија | ж.
Главен град на Самоа.
апла | прил.
Отворено, директно. Не ме сака повеќе, апла ми кажа!
аплаудира | несв.
Одобрува, поздравува со ракоплескање определен настап, постапка, говор и сл. На таква храброст секој ќе аплаудира. Публиката почна да аплаудира уште во средината на претставата. Народот аплаудираше како поздрав до високиот гостин.
аплауз | м.
Ракоплескање, одобрување со ракоплескање. Настапот беше проследен со силен аплауз.