апликативен | прид.

Применлив, погоден за употреба. Апликативна програма. Апликативен модел.

апликација | ж.

Примена, употреба. Авионот и хеликоптерот се користат за апликација на хербицидите.

аплицира | св. и несв.

Примени, применува, практично употреби, употребува нешто. Овие барања треба да ги аплицирате во оценувањето на знаењето.

апне | св.

Касне; апе. Оваа жена ја апна куче. Него го апнала змија, сега бега и од гуштер.

апогеј | м.

(астр.) Најоддалечената точка меѓу Земјата и Месечината, или меѓу Земјата и Сонцето.

апоен | м.

Износ за целосно исплаќање долг.

Апокалипса | ж.

(рел.) Последниот дел од Новиот завет во кој се зборува за крајот на светот, „Откровението на апостол Јован“.

апокриф | м.

Религиозен спис со библиска содржина што не е канонски признаен за веродостоен. Средновековни апокрифи.

апокрифен | прид.

Што настанал како апокриф, што има обележје на апокриф. Ракописите имаа апокрифен карактер.

аполитичен | прид.

Што е незаинтересиран за политика.