апаратура | ж.

Вкупност од апарати. Телефонска апаратура.

апартман | м.

Стан со повеќе простории, комфорен стан. Имаше апартман во центарот на градот.

апартхејд | м.

Политика на расна дискриминација, делење на населението врз расна основа.

апатија | ж.

Отапеност на чувствата, рамнодушност, безволие, незаинтересираност. Беше во апатија, не забележуваше ништо наоколу.

апаш | м.

Крадец, разбојник, џепчија. Ми влегле апаши во куќата.

апе | несв.

Каса, гризе. Јас си ги апев во бес прстите. Ова куче многу апе.

апеж | м.

Јадеж, непријатно чувство на кожата што тера на чешање. Беше готов да се расплаче од ужасен апеж.

апел | м.

Повик (за солидарност, за помош и сл.). Упати апел. Одговори на апел.

апелација | ж.

Повисок суд до кој осудениот може да се жали. Апелацијата ќе ги разгледа нивните жалби и навремено ќе им одговори.

апелационен | прид.

Што се однесува на апелација. Апелационен суд. Апелациона комисија.