апологет | м.

Бранител на христијанството.

апологетика | ж.

Специјалност во теологијата што има задача да го брани христијанското учење.

апологија | ж.

Пофалба, говор или спис за одбрана на некого или на нешто.

апостол | м.

Ученик на Христос. Апостол Петар. Апостол Јован. Апостол Павле.

апостолка | ж.

Вид лесни сандали или влечки кои имаат дел меѓу палецот и соседниот прст. Неговите апостолки се беа излижале кај петиците.

апостолство | ср.

Служба, дејност кај апостолите; проповедање.

апостроф | м.

Знак за одбележување испуштен глас.

апострофира | св. и несв.

Стави, става апостроф. Во некои примери го апострофираме е.

апотеоза | ж.

Во антиката: обред на воздигнување, прогласување некого (владетел, цар и сл.) за божество.

април | м.

Четвртиот месец во годината; тревен.