априли-ли-ли | изв.

Се употребува на први април, денот на шегите, кога некој ќе се пошегува.

априорен | прид.

Што му претходи на искуството и практиката, независен од нив.

априори | прил.

Независно од искуството, без претходни знаења, произволно. Предноста и неопходноста на таквиот назив се априори очигледни.

апс | м.

Затвор. А мене ме држеа по цел месец в апс секоја година.

апсанџија | м.

Лице што работи како чувар во затвор. Апсанџијата одеше полека зад мене.

апсеник | м.

Затвореник, казненик. Чу од разговорот на апсениците дека управникот на затворот бил некој арен човек.

апси | несв.

Става некого во затвор; лишува од слобода. Тие ќе го апсат како што ги апселе сите што ја сакаат земјата и својот народ. Него го апсеа кога треба и кога не треба.

апсида | ж.

Полукружна и полусводеста ниша во ѕидот на некоја градба.

апсолвент | м.

Студент што ги запишал и што ги заверил сите семестри и добил право да ги полага завршните испити. Апсолвентите отидоа на еднодневен излет.