архитектура | ж.

Наука за проектирање, изградба и уметничко обликување на градежни објекти.

архитектурен | прид.

Што се однесува на архитектура.

архиѓакон | м.

Повисоко звање за ѓакон, прв ѓакон.

архијереј | м.

Старешина на свештениците; владика.

арчи | несв.

Троши пари. Сите пари ги арчеше за храна. Таа многу арчеше за фустани.

аршин | м.

Стара мера за должина (помеѓу 65 и 75 сантиметри).

аршлама | ж.

Едногодишно растение, со главичка во земјата и издолжени листови, пера, сладок кромид; Allium fistulosum.

ас | м.

Во картите за играње ‒ единица, најсилна карта.

асе | ср.

Фино памучно платно за везење, изработка на постелнина и сл.

асептичен | прид.

Што е заштитен од зараза; што е без заразни микроорганизми.