автобиографија | ж.

Книжевно дело во кое авторот сам си го опишува својот живот; опис на сопствениот живот.

автобус | м.

Големо моторно возило со седишта за превоз на повеќе лица. Локален автобус. Градски автобус. Туристички автобус.

автограм | м.

Своерачен потпис, обично на позната личност. Младите вљубеници во убавата песна бараа автограми од пејачите.

автограф | м.

Текст напишан со сопствена рака, оригинален ракопис. Автографите на псалтирот не се зачувани.

автодидакт | м.

Лице што учи само, без учител; самоук. Ова филозофско дело претставува своевиден подвиг, зашто е од перото на еден грнчарски работник, автодидакт.

автодидактика | ж.

Учење без учител, самонаобразба.

автодром | м.

Патека каде што се врши обука за возачи на автомобили; автомобилско тркалиште. Тркачите се појавија на автодромот надвор од градот.

автоелектричар | м.

Лице што се занимава со поправка на електричната инсталација кај автомобилите.

автокамп | м.

Заграден простор за кампување во приколки, бунгалови и шатори. Крај патот беше подигнат голем автокамп, во кој летуваа деца од целата земја.

автокефален | прид.

Што има карактеристики на автокефалност. Нивната православна црква е прогласена за автокефална со кралски декрет.