автокефалност | ж.

Самостојност, независност, автономност на православна национална црква. Автокефалноста на Македонската православна црква е поврзана со самобитноста на македонската држава.

автокоманда | ж.

Команда што врши регистрација и распоред на воени возила.

автократ | м.

Неограничен господар, владетел, диктатор, тиранин, самодржец.

автократизам | м.

Неограничено, апсолутистичко владеење на еден човек; апсолутизам, самовластие што со сите средства ја ограничува слободата на граѓаните.

автолимар | м.

Лице што се занимава со поправки и одржување на каросериите на возилата.

автомат | м.

Апарат што извршува определени дејства, работи без непосредно учество во секое од нив. Ќе пуштиш метална паричка во автоматот и веднаш ќе ја чуеш музиката.

автоматизам | зам.

Способност да се извршуваат несвесно одделни дејства. Одеше на работа и се враќаше, сѐ работеше по автомати Таков автоматизам во работата не е виден.

автоматизира | св. и несв.

Воведе, воведува автоматски машини, апарати во одделни процеси на работа, на производство. Новата управа ја автоматизира фабриката.

автомеханика | ж.

Област што се занимава со работата на автомобилот, на неговиот мотор.