Австрија | ж.
Држава во Европа.
Австроунгарија | ж.
Поранешна држава во Европа.
автаркија | ж.
Самозадоволство, душевна состојба на човек што е задоволен од самиот себе.
автаркичен | прид.
Што се однесува на автаркија.
автарх | м.
Деспот, апсолутист, самодржец.
автархија | зам.
Самовластие, самодржавие, деспотизам, апсолути
автархичен | прид.
Што се однесува на автархија.
автентичен | прид.
Вистинит, оригинален, веродостоен. Џинот оставил автентични сведоштва. Записите се автентична, оригинална средновековна литература.
авто- | претс.
Како прв дел во сложенки од туѓо потекло со значење:
автоанализа | ж.
Самокритично преиспитување на своите постапки, испитување на својата совест, внесување во самиот себе.