асоцијален | прид.
Што не е вклучен во општеството, незаинтересиран за општествениот живот и неговите норми; недружељубив.
асоцијативен | прид.
Што се однесува на асоцијација; што здружува, што обединува. Асоцијативно размислување.
асоцијација | ж.
Поврзување во свеста на едни поими и претстави со други.
аспарагус | м.
Повеќегодишно растение со долги, кревки, разгранети стебленца со ситни лушпести светлозелени ливчиња и бели или жолтеникави ситни цветчиња; некои подвидови се користат за исхрана, а некои како украсни растенија.
аспект | м.
Гледиште, гледна точка, стојалиште. Тоа треба да се разгледа и од друг аспект.
аспирант | м.
Човек што се стреми кон нешто, што сака да постигне нешто. Ќе се најде и евентуален аспирант на оваа фотелја.
аспиратор | м.
Смукалка за гасови, прав, течности и др.
аспирација | ж.
Желба, стремеж кон нешто. Аспирација за успех.
аспирин | м.
Фабричко име за ацетилсалицилна киселина којашто се користи за намалување на зголемена телесна температура и на болки.
аспра | ж.
Ситна сребрена пара (монета).