аскер | м.

Војска. Голем аскер мина низ селото и зад себе пустош остави. Селата се наполнија со аскер.

аскет | м.

Човек што се откажува од сетилните задоволства и се стреми кон морална и духовна чистота

аскетизам | м.

Религиозно учење што проповеда самоодрекување.

аскетство | ср.

Начин на живот на аскетите.

асли | прид.

прид. Вистински, прав. Се покажа асли човек.

Асмара | ж.

Главен град на Еритреја.

асолен | прид.

Добар, вреден, корисен. Зетот се погоди асолен човек.

асонанција | ж.

Повторување на исти самогласки во еден стих.

асортиман | м.

Избор на разни видови трговска стока. По продавниците можеше да се најде голем асортиман на производи.

асоцира | св. и несв.

Поврзе, поврзува во свеста една појава со друга, предизвика, предизвикува асоцијација на нешто. Жолтата боја асоцира на нешто несакано, а виолетовата асоцира на таинственост. Овие стихови асоцираат на народната поезија. Советот ги асоцира двете здруженија во сојуз.