асептички | прид.

Што спречува зараза, што е против зараза. Асептички средства.

асиметрија | ж.

Отсуство на симетрија, несразмерност, нехармоничност, нееднаквост на деловите.

асиметричен | прид.

Што не е симетричен, несразмерен.

асимилатор | м.

Тојшто врши асимилација

асимилаторен | прид.

Претопувачки, присоединувачки со цел да се обезличи постоечкото. Македонската национална култура има својствена отпорност кон асимилаторните стремежи однадвор.

асимилација | ж.

Претопување, присоединување при што се губи обележјето и се обезличуваат основните карактеристики. Македонското културно наследство беше објект на најсурова асимилација.

асимилира | св. и несв.

Изврши, врши асимилација.

Асирија | ж.

Древна држава во Месопотамија.

асистент | м.

Почетно наставно и научно звање на универзитет или во научна институција. Тој е асистент на филолошкиот факултет.

асистира | несв.

Извршува работа на асистент. Две помлади колешки му асистираа на професорот при операцијата.