аскер | м.

Војска. Голем аскер мина низ селото и зад себе пустош остави. Селата се наполнија со аскер.

аскет | м.

Човек што се откажува од сетилните задоволства и се стреми кон морална и духовна чистота

аскетизам | м.

Религиозно учење што проповеда самоодрекување.

аскетство | ср.

Начин на живот на аскетите.

асли | прид.

прид. Вистински, прав. Се покажа асли човек.

Асмара | ж.

Главен град на Еритреја.

асолен | прид.

Добар, вреден, корисен. Зетот се погоди асолен човек.

асонанција | ж.

Повторување на исти самогласки во еден стих.

асортиман | м.

Избор на разни видови трговска стока. По продавниците можеше да се најде голем асортиман на производи.

асоцијален | прид.

Што не е вклучен во општеството, незаинтересиран за општествениот живот и неговите норми; недружељубив.