астал | м.
Маса. Асталот беше преполн со најразлични јадења.
астар | м.
Постава; ткаенина за постава.
астарка | ж.
Штица за конструкција за покрив.
астма | ж.
Вид хронично заболување што се карактеризира со отежнато дишење и задушување; задув.
астматичен | прид.
Што има астма, што боледува од астма, што потекнува од астма. Астматично кашлање. Астматично дишење.
астраган | м.
Скапоцено јагнешко кадраво крзно со црна или темнокафеава боја. Шубара од астраган.
астрален | прид.
Ѕвезден, што потекнува од ѕвезда. Астрален објект.
Астрахан | м.
Град во Русија.
астролог | м.
Човек што се занимава со астрологија.
астрологија | ж.
Верување дека според поставеноста на ѕвездите може да се одреди човечката судбина.