астроном | м.
Човек што се занимава со астрономија.
астрономија | ж.
Наука за небесните тела.
Асуан | м.
Град во Египет.
Асунсион | м.
Главен град на Парагвај.
асура | ж.
Рогозина. За пакување се користат слама, струганица или мов, заврзани во асури.
асфалт | м.
Вид црна смола добиена како производ од нафта. Тие произведуваат асфалт во големи количини.
асфалтен | прид.
Што е од асфалт, што се однесува на асфалт. Асфалтна облога. Асфалтен пат.
асфалтира | св. и несв.
Обложи, обложува со слој од асфалт. Работниците за неколку дена ја асфалтираа улицата.
ат | м.
Коњ. Јаваше на црн ат и мавташе со сабјата.
атавизам | м.
Случај кога кај некои живи суштества се јавуваат некои особини наследени од многу далечни предци.