атак | ж.

Вооружен напад. Атаките врз селото не престануваа.

Атакама | ж.

Пустина во Јужна Америка.

атакува | св. и несв.

Изврши, врши атака. Сега е време да се атакува, а не да се седи и да се молчи.

атаман | м.

Старешина, водач на козаците.

атар | м.

Подрачје што припаѓа на некое село или општина. Селски атар.

аташе | м.

Дипломатски службеник што врши функција на советник за одредена област (за култура, за печат, за воени прашања и др.).

атеизам | м.

Безбожност, неверување во постоењето на бог, отсуство на религиозни чувства.

атеист | м.

Приврзаник на атеизмот; безбожник.

ателје | ср.

Просторија за работа на уметник или занаетчија, уметничка или занаетчиска работилница. Сликарско ателје. Фотографско ателје. Модно ателје. Фризерско ателје.

Атена | ж.

Антички град држава на Атичкиот Полуостров.