атентат | м.

Убиство на некоја позната личност.

атентатор | м.

Убиец на некоја позната личност, извршител на атентат.

атер | м.

Љубов, наклонетост, добра волја. Го направив од атер. За атер на мајка му му помогнав.

атерџија | м.

Човек што прави нешто за атер; пресретлив човек.

атест | м.

Писмена потврда, уверение. Атест за техничка исправност.

Атика | ж.

Полуостров во Грција.

Атина | ж.

Главен град на Грција.

атипичен | прид.

Што отстапува од образецот, моделот; невообичаен, несекојдневен. Атипично однесување.

атка | ж.

Вид игра со ореви.