атлаз | м.

Свилена ткаенина со висок сјај.

атлазен | прид.

Што е направено од атлаз.

Атлантски Океан | м.

Океан, го опкружуваат Европа, Африка, Северна и Јужна Америка.

атлас | м.

Збирка географски, историски или друг вид карти.

Атлас | м.

Планински масив во североисточниот дел на Африка.

атлет | м.

Развиен, снажен, спортски граден маж.

атлетика | ж.

Гранка на спортот што опфаќа повеќе дисциплини (трчање, скокање, фрлање копје и др.). Атлетиката е кралица на спортовите.

атлетичар | м.

Спортист што се занимава со атлетика.

атмосфера | ж.

(само едн.) Воздушна обвивка околу Земјата.

атом | м.

(физ. и хем.) Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони. Атомот го држат кохезиски сили. Молекулата е составена од атоми.