билтен | м.

Официјален извештај за некоја актуелна состојба што е во интерес на јавноста. Билтен посветен на јазични прашања. Читаше билтен за борбата.

билјард | м.

(само едн.) Вид игра со топчиња од слонова коска и со долг стап (так) што се игра врз специјална маса. Играа билјард. Девојката беше прочуена по билјардот.

билјарка | ж.

Таа што собира и продава билје, треварка. Излегла мома билјарка в ливада билје да бере. Песна на билјарките.

билје | ср.

Општ назив за билки, тревки. Ситно билје. Свежо билје. Суво билје.

билјоса | св.

Се опие, се замае од билје, се маѓоса.

билјосан | прид.

Омаен, маѓепсан со билје.

билјур | м.

Кристално стакло.

билјурен | прид.

Што е направен од билјур.

бим! | изв.

За подражавање на краткотраен звук со висок тон; Камбаната чука: бим, бам, бим, бам.