бим! | изв.

За подражавање на краткотраен звук со висок тон; Камбаната чука: бим, бам, бим, бам.

бимбашија | м.

Турски офицер, командант на 1000 војници во османлиската војска. Бимбашијата и кајмакамот го коментираа случајот со конзулот.

бина 1 | ж.

Посебно уреден простор на кој се изведуваат театарски претстави, културно-уметнички програми и сл.; сцена. Широка бина. Монтажна бина.Театарска бина.

бина 2 | ж.

Зграда, куќа. За три дена направија голема бина, сите жители се почудија.

бинарен | прид.

Што се состои од два дела, две целини, двоен. Бинарен спој. Бинарна опозиција. Бинарна структура.

бинек | м.

Коњ што служи за јавање.

бинекташ | м.

Голем камен што служи за качување на коњ.

бинекчија | м.

Коњаник, добар јавач.

биниш | м.

Широка наметка со долги ракави.