благоглаголив | прид.

Што сака, што умее многу да зборува; речовит, слаткоречив. Благоглаголив учител. Благоглаголиво добредојде.

благогласен | прид.

Што е со благ глас, милозвучен. Благогласен човек. Благогласна песна.

благодарејќи | прил.

Со помош, со посредство. Само благодарејќи на големата братска љубов, делбата стана со арно.

благодарен | прид.

Признателен. Тој беше благодарен за укажаната помош. Благодарен сопруг. Благодарни деца.

благодари | св. и несв.

Изрази, изразува благодарност, признателност за сторено добро. Ви благодарам многу. Благодариме за вниманието. Благодарете му на Бога! Децата благодареа за подароците. Валијата учтиво му благодари.

благодарница | ж.

Писмена изјава на благодарност за нешто. Благодарници и плакети добија установи, организации и поединци.

благодарствен | прид.

Што изразува благодарност. Благодарствен одговор. Благодарствена реч. Благодарствено писмо. Благодарствени химни.

благодат | м.

(црков.) Благослов, милост што се бара од Бога; божји дар. Божји благодат. Архиерејот побара благодат и мир од Господ Бог. Благодат од небеса. Изговорен благослов носи благодат во животот.