бла! | изв.

За подражавање на човек што многу зборува или зборува што било. Жените на улица, цел ден бла, бла. Тој читаше, а потоа продолжи бла, бла.

благ | прид.

Што е со сладок вкус. Благ чај. Благи пијачки. Тиква блага како шеќер. Благо кафе. Круши благи како мед.

благајна | ж.

Орман во кој се чуваат пари, хартии од вредност, каса. Голема, метална благајна.

благајник | м.

Тој што раководи со благајната. Началник и благајник.

благо 1 | ср.

Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер. За добредојде едно благо.

благо 2 | ср.

Пари, злато, разни скапоцености. Три товари благо. Скриено благо. Закопани блага. Неброени блага.

благо- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење добар, пријатен, мил, на пр. благодушен, благозвучен, благороден.

благоверен | прид.

Правоверен (обично пред титулите на старите владетели). Благоверната царица Милица. Благоверни и христољубиви господари. Благоверна дружина.

благоверник | м.

Тој што е правоверен, чист во верата, со христијанска доблест. Императорот на Византија, благоверникот Михаил Трети.

Благовец | ср.

Христијански празник што се празнува на 7 април според православниот календар