благота | ж.

в. блажина 1

благотворен | прид.

Што има добро дејство, полезен, корисен. Благотворен стремеж. Благотворна топлина. Благотворна критика. Благотворно влијание. Благотворно дејство. Благотворни зраци.

благочестив | прид.

Набожен. Благочестив живот. Благочестиви луѓе.

благочестие | ср.

Набожност.

благува | несв.

Ужива, се насладува на животот, живее во задоволство. Маалските момчиња благуваа по цела ноќ. Скокаше од радост, без мисла благуваше во раскошна убавина.

благун | м.

Вид даб што има благи лисја или благи желади; Quercus sessiliflora.

благунов | прид.

Што е од благун. Благунов желад. Благунова фиданка. благуново дрво.

благуњав | прид.

блада | несв.

Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило). Детето се плаши во сонот и постојано блада. Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња. Бладаш, ништо не те разбирам.

блажен | прид.

Што е исполнет со чувство на голема среќа, на големо задоволство; што изразува чувство на среќа, радост, блаженство. Блажен живот. Блажена насмевка. Блажено спокојство.