бланко | прид.

Неиспишан, непополнет (обично во изрази: бланко-кредит, бланко-меница, бланко-потпис).

блантав | прид.

бланш | м.

Козметичко средство за белење коса.

бланшира | св. и несв.

Обели, обелува; кратко проврие, проврива, попари, попарува. Домаќинката најпрвин ја бланшираше боранијата.

бласфемија | ж.

Богохулство, хулење.

блатен | прид.

Мочурлив. Блатно земјиште. Блатна површина. Блатни почви.

блатиште | ср.

Место каде што има блато, мочуриште. Исушено блатиште. Во блатиште со трска.

блато | ср.

Кална месност, мочурлив предел. Смрдливо блато. Над блатото имаше голема магла. По блатата се појавија роеви од муви и од инсекти.

блед | прид.

Што нема природна боја, што е без руменило на лице, кожа, усни и сл. Блед образ. Со високо, бледо чело. Бледи раце.

бледен | прид.