бледи | несв.

бледило | ср.

Особина на тој што е блед, на тоа што е бледо; бледост. Восочно бледило. Мртовечко бледило. Бледилото на лицето.

бледнее | несв.

Станува блед, губи природна боја, руменило. Бледнеев од бес. Детето бледнееше од страв.

бледникав | прид.

Што не е многу блед. Бледникав образ. Бледникав отсјај. Бледникава светлина. Бледникаво месо.

бледожолт | прид.

Што е жолт со бледа нијанса. Бледожолт пламен. Бледожолта светлина. Бледожолто сонце.

бледозелен | прид.

Што е зелен со бледа нијанса. Бледозелен папрат. Бледозелена рамка. Бледозелено лисје. Бледозелени очи.

бледолик | прид.

Што е со бледо лице. Средовечен бледолик човек. Бледолика девојка. Бледолико момче. Бледолики жители.

бледосин | прид.

Што е син со бледа нијанса. Бледосина светлина. Чисто и бледосино небо. Бледосини очи.

бледоцрвен | прид.

Што е црвен со бледа нијанса. Бледоцрвен оган. Бледоцрвена коса. Бледоцрвена патека.

блее | несв.

За овца, јагне – испушта карактеристичен глас. Јагнето блее. Во трлото блееја овците.