блуе | несв.
(разг.) Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот. Таа цела ноќ блуеше.
блуеница | ж.
Тоа што се повраќа, што е изблуено. Тој со крпата ги бришеше блуениците од подот.
блуз | м.
Стил во музиката, песни, музика со меланхоличен призвук, карактеристичен за американските црнци. Блузот ‒ тоа е гласот на црна Америка.
блуза | ж.
Горен дел од женска облека, направен од тенок материјал или плетен. Девојката беше во бела памучна блуза и здолниште во боја.
блуткав | прид.
Храна, пијалак без одреден вкус. Храната имаше блуткав вкус. Водата е млака и блуткава.
блујавица | ж.
боа | ж.
Вид змија, змиски цар; Boa constrictor. Околу вратот на животното беше замотана боа.
боб 1 | м.
Бакла; грав; Vicia faba L.
боб 2 | м.
Санка за лизгање со повеќе места со два пара лизгалки од кои предниот е подвижен и служи за управување. Лизгањето со боб е опасен спорт.
бобинка 1 | ж.
Општ назив за секој зрнест ситен плод. Грмушката беше начичкана со некакви црвени бобинки.